Пукна „тиквата“: Меси незадоволен од Галтие си заминал од тренингот на ПСЖ

705

Лионел Меси повторно е главна тема, кога е во прашање францускиот фудбал и неговиот клуб ПСЖ. Аргентинецот овојпат е тема поради инцидент кој според неколку француски новинари се случил на вчерашниот тренинг.

Во еден момент, тренерот на ПСЖ, Криштоф Галтие побарал од играчите да прават вежби кои вклучуваат игра 2 на 2, а Меси, видно изнервиран претходно на тренингот, реши да го напушти тренингот. Галтие наводно го следел до излезот од тревникот и го молел да не го прави тоа и да остане на тренинг, но Аргентинецот ги одбил сите молби и си заминал дома.

Ова не е првпат во ПСЖ да не се почитува хиерархијата, но првпат главниот лик е токму Меси. Досега најмногу се зборуваше за непослушноста која ја демонстрираше Нејмар.

ПретходноПролет ја мина првата пречка во групата 2 од Купот на Македонија
СледноФарските Острови го објавија списокот за мечот со Македонија во Скопје