Катарскиот шеик подготвен да плати и 6 милијарди фунти за Манчестер Ј.!

341

Катарскиот шеик Јасим денеска го посети „Олд Трафорд“ за да го види стадионот и теренот на Манчестер Јунајтед, исто како што тоа го направи и другиот потенцијален купувач на клубот, Сер Џим Ретклиф.

Во моментов се водат преговори за продажба на „црвените ѓаволи“, при што шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани е задоволен од она што го видел и е подготвен да плати и повеќе од цената која ја бара семејството Глејзерс од 6 милијарди фунти.

На почетокот се мислеше дека Катарците не сакаат да платат повеќе отколку што сакаат американските сопственици, но тие се предомислија и се подготвени да ја платат бараната цена, па дури и повеќе.

ПретходноЦ. Звезда поразена во Барселона, шансите за плеј-оф скоро загубени
СледноИсак со два гола за победа на Њукасл на гости кај „шумарите“ (ВИДЕО)