Парите не се причината поради која Меси не сака да ја прифати понудата на ПСЖ!

494

На најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси договорот со ПСЖ му истекува на крајот на оваа сезона, се уште не е познато дали ќе остане во редовите на францускиот првак.

Раководството на клубот и таткото на Меси, Хорхе, имале состанок, но договор не е постигнат. Фрабрицио Романо, најдобриот новинар за трансфери ја објасни ситуацијата.

„Меси доби предлог од ПСЖ за продолжување на договорот и не бараше плата како останатите фудбалери. Во овие преговори парите не главен фактор. Меси сака да знае која ќе биде неговата улога следната сезона и како ќе изгледа тимот. Затоа не му се брза со преговорите“, објасни Романо.

ПСЖ разочарувачки беше елиминиран во осминафиналето во Лигата на шампиони и веќе од сега може да ја прогласи оваа сезона за неуспешна. Овие денови во француските медиуми се пишуваше дека Меси бил незадоволен и го напуштил тренингот, но неговиот татко веднаш ги демнатираше ваквите натписи.

За услугите на Меси веќе бројни клубови стојат во редовите, имаше најави за кам-бек во Барселона, како и трансфер во Саудиска Арабија, таму вратата му е широко отворена.

ПретходноНајомразениот играч на НБА повреди камерман и доби голема парична казна!
СледноПМФЛ: „Пандевци“ посакуваат бод(ови) од дербито со Шкупи, лидерот гостува кај својот редовен пациент!