Феникс 2010 го победи Кожув во драматична завршница

73

Екипата на Феникс 2010 на домашен терен го совлада Кожув со 83-79 во 18 коло на Првата кошаркарска лига. Скопскиот тим беше подобар на мечот, во еден момент имаше и предност од 17 поени меѓутоа гостите се вратија меѓутоа немаа сили во завршницата да го крунисаат овој подвиг со триумф.

На полувремето Феникс имаше предност од 43-33, на почетокот на вториот дел ја зголемија предноста на 17 поени (55-38), но потоа се свртија работите. Домашните како да застанаа, а гостите се разиграа и стигнаа и до предност 65-67 меѓутоа домашните се стабилизираа во финишот и ги освоија бодовите.

Кај Феникс 2010 најефикасен беше Трајковски со 26 поени, а Митревски имаше 20. Кај Кожув најефикасен беше Гордон со 18 поени.

 

ПретходноТоа ти се вика на погрешно место во погрешно време (видео)
СледноМилан падна и во Удине, Ибрахимовиќ највозрасен стрелец во Серија А (видео)