Вардар предмалку на најслаткиот но и најтешкиот начин дојде до планираните три бода во Кичево каде што со 1:2 го совлада тимот на Пехчево. Браво за „цврено – црниот“ табор кој во шестата минута од продолжението, преку Владимие Жоглев, пролетниот „џокер“ успеа да погоди и да освои злато вредни три бода.
Во соблекувалната нормално славје, ерупција од воодушевување кај играчите и секако скандирање на името на херојот Владимир Жоглев.
Тој пролетва е вистинско откритие на Вардар, затоа што најпрво го реши мечот во Охрид со гол во последните моменти, носејќи триумф, а истото го направи и денеска во Кичево.