Лацио го доби дербито на Рим (видео)

114

Лацио ја совлада Рома во римското дерби во рамките на 27 коло на Серија А. „Небесно-сините“ славеа со резултат 1:0. Мечот го одбележа еден гол, како и црвениот картон на играч на Рома во 32 минута со што на теренот ситуацијата не беше рамноправна.

Роџер Ибањез заборави дека во осмата минута доби жолт картон, па направи прекршок за втор жолт и заработи исклучување. Со тоа ги остави на цедило своите соиграчи.

Голманот Руи Патрисио ги одбрани шутевите на Луис Алберто и Фелипе Андерсон, додека Рома имаше шанса да поведе преку Педро но голманот на Лацио одбрани.

Голот на одлука падна во 65.минута. Фелипе Андерсон му асистираше на Матија Закањи кој ја погоди мрежата за големи три бода против лутиот ривал. Само две минути подоцна Касале постигна автогол за 1:1, но после ВАР проверка утврдено е дека претходно имало офсајд од еден играч на Рома.

Рома со овој пораз пропушти шанса да го претекне Милан на четвртата позиција затоа што „Росонерите“ го изгубија својот меч во Удине. Со 47 бодови „волчицата“ е петта, а бод повеќе има Милан.

После репрезентациите Рома ќе биде домаќин на Сампдорија, додека Лацио ќе игра со Монца.

Претходно„Максимир“ му се поклони на капитенот: Адеми го зема микрофонот и испрати порака до „Бед Блу Бојс“ (ВИДЕО)
СледноСерхио Перез со триумф во Џеда, на Алонсо поради казна остана без место на подиумот