Уште едно големо признание за Ива Пројковска, една од нашите најдобри судијки. Имено таа вечерва од 18:45 часот на “Алијанц Арената“ во Минхен, ќе го суди првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони за жени, меѓу Баерн Минхен и Арсенал.
Нејзе ќе и помага исто така нашата судијка Вјолца Изеири, додека втората асистентка е Паулина Барановска од Полска. Од Полска е и четвртата судијка, Моника Муларчик.