Турчинот Бозкаја најсериозен кандидат за нов тренер на Шкупи

1258

Гокхан Бозкаја ќе биде најверојатното тренерско решение на испразнетото место во редовите на шампионот Шкупи. Човекот кој работеше како тренер на младинците на Фенербахче и беше спортски директор на чаирскиот состав, највeројатно ќе го наследи Гоце Седлоски.

Седлоски денеска по вторпат ја заврши соработката со чаирчани оваа сезона. Инаку турскиот стратег Бозкаја оваа сезона беше дел од турскиот тим Јени Малатијаспор, каде работеше како асистент на главниот тренер.

ПретходноПотврдени двојките за Ф4 турнирот од одбојкарскиот куп на Македонија
СледноЕлче го доби шестиот тренер сезонава