Во Радовиш денеска почнува битката за одбојкарскиот Куп на Македонија

175

Од денеска, па до сабота, спортската сала „25 Мај“ во Радовиш ќе биде домаќин на најдобрите одбојкарски состави во Македонија. Во организација на Одбојкарската федерација на Македонија, во следниве три дена ќе ја гледаме битката за првиот сезонски трофеј.

Осум екипи, по две во машка и во женска конкуренција тргнуваат во потера по пехарот наменет за најдобриот во куп-натпреварувањето. Бранителот на трофејот од лани, шампионот Струмица Никоб влегува како апсолутен фаворит, па уште денеска треба да ја потврди фаворитската улога на пресметката од полуфиналето против Универизтет во Тетово. Многу повозбудливо веројатно ќе биде во второто полуфинале вечерва од 20 часот, кога одличниот велешки состав ГОК Борец ќе се обиде да ја предизвика Шкендија и да покаже дека добрите резултати во првенството сеознава не се случајност.

Дамите денеска паузираат, па утре излегуваат на терен за да ги одиграат полуфиналните дуели. Финалната завршница и во двете конкуренции е во сабота.

Полуфинале (мажи)

ДЕНЕСКА:

Струмица Никоб – Универзитет во Тетово (17.30, МРТ-3)

ГОК Борец – Шкендија (20.00, МРТ-3)

ПретходноНБА ЦИРКУС: Далас на едниот кош, Вориорс даваат поени на другиот (ВИДЕО)
СледноМладите денеска стартуваат против Летонија