Младите денеска стартуваат против Летонија

477

Македонската репрезентација до 21. година денеска против Летонија го стартува серијалот на пријателски средби на подготовките во Анталија.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски од 15:00 часот по македонско време ќе се сретнат со соодветната селекција на Летонија, за да следуваат и мечевите против против Финска (25. март) и Словачка (28.март).

За нашите млади репрезентативци ова е одлична можност да се проверат силите до каде е нивната форма во моментов, и кој е реално капацитетот на оваа генерација. Овие три меча секако дека ќе дадат дел од одговорите на неколку отворени прашања.

Целата екипа е премногу задоволна од условите за тренинг што ги имаме тука во Белек, работиме напорно и имаме одлични подготовки. Сакам да ја пофалам одличната енергија и атмосфера која владее во оваа репрезентација, повеќето играчи неколку години играме заедно и одлично се познаваме, функционираме како една фамилија, сите многу добро ја знаеме вредноста на дресот со државен грб и подготвени сме на голема борба и пожртвуваност се со цел да се постигнат одлични резултати.Првиот контролен меч го играме против незгодната селекција на Летонија, како и на секој меч, така и на овој атакуваме на победа. Сигурен сум дека секој од нас ќе го даде максимумот и верувам дека ќе успееме за издвојуваме победа, за продолжение на позитивната серија на резултати. Квалификацискиот циклус започнува во септември, имаме доволно време за што подобро да се подготвиме за првиот меч со Шведска. Победничкиот менталитет кој мора да биде присутен кај сите нас ќе одигра клучна улога во квалификациите. Имаме голем квалитет и верувам дека ќе го покажеме во квалификациите што следуваат“ – изјави македонскиот младински репрезентативец, Андреј Стојчевски.

 

 

ПретходноВо Радовиш денеска почнува битката за одбојкарскиот Куп на Македонија
СледноМакедонија У18 на двомеч во Азербејџан (СОСТАВ)