Македонската репрезентација до 18. години на чело со селекторот Тони Јакимоски од вчера се наоѓа во Азербејџан каде што утре и на 27. месецов ќе одигра две контролни средби против домашната репрезентација.
Ова е генерација која веќе следната година ја чека квалификациски циклус, па нормално е што активно се подготвува на таа тема, и напорно се селектираат младите фудбалери кој во моментов има капацитет да го понесе товарот на квалификациите.
Селекторот Јакимоски од првичниот список единствено не може да смета на офанзивецот на Шкендија Лорик Каба Јакупи кој се повреди пред самото заминување за Азербејџан.