Македонската репрезентација до 21. година вчера шокирачки за пошироката јавност во Анталија во рамките од циклусот пријателски средби загуби од Летонија со високи и убедливи 3:0.
Она што за нас требаше да биде еден од мечевите на кои ќе воигруваме за нас препознатливи варијанти, тактики и акции, кои ќе ни послужат во квалификациите, се претвори во пример како не треба да се одигра еден меч, особено во дефанзивата. Редица грешки од кои произлегоа трите гола на противникот и редица прашалници како до тоа дојде. Среќа за нас ова е само подготвителен период, има уште доста време да се поправат нештата и да се види што и како понатаму. Веќе утре го играме дуелот против Финска, а ќе финишираме на 28 март против Словачка.
Два дуела во кој мора избраниците на селекторот Драган Канатларовски да ја подигнат формата, а со тоа и самата игра на едно сосема друго, повисоко ниво, и да парираат како што доликува на реномето кое го гаиме од циклус во циклус.