Ертел за одлуката да игра во Русија: Отидов да играм кошарка, не ме интересира војна

145

Искусниот плејмејкер Тома Ертел по завршувањето на Евробаскетот одлучи да заигра во Русија, поточно Зенит од Санкт Петербург. Тој се најде под критики за изборот затоа што претходно потпишал договор дека нема да оди во Русија, но откако Кошаркарската федерација на Франција не смета повеќе на него, тој одлучи да заигра за Зенит на повик на Чави Пасквал.
Кога потпишав договор со францускиот Сојуз дека нема да одам во Русија, тогаш немав никаков договор со Зенит. Не бев 100 отсто сигурен за мојата иднина, чекав други понуди. Зенит излезе со поконкуретна. Не сакав да ги игнорирам советите на Сојузот, но тие одлучија да не ме викаат повеќе. Тоа што отидов во Зенит е најдобрата одлука за себе и мојата фамилија, не само од финансиска точка, туку и спортска. Знаев каде ќе имат минутажа, клубот и тренерот ми рекоа дека ќе бидам еден од лидерите. Сакав повторно да уживам во кошарката по тешката година во Мадрид“, изјави Французинот за “Екип“.

И покрај воените дејствија Ертел одлучил да игра во Русија.
Ако одиме по таа логика тогаш не би можел да играм во Кина или Израел. За сите би требало да се користат истите аршини, не само за мене. Што војната има врска со мене? Местото каде што играм не значи дека ја поддржувам Русија во тоа што го прави, не знам ни човек овде кој поддржува војна. Дали кошаркарите кои играат во Кина автоматски поддржуваат кршење на човековите права? Дали оние кои играат во Франција поддржуваат се што прави Владата? Се е тоа исто. Што се однесува до заработувачката, тука заработувам два или три пати повеќе од некој европски клуб. Ако наредната сезона добијам слична понуда на оваа и ако проектот биде добар ќе си заминам од Русија. Уште еднаш ќе кажам. Не сакам оружје, не дојдов да војувам, само сакам да играм кошарка“, додаде Французинот.

ПретходноУште една преселба од РК Вардар во ППД Загреб
СледноБројките не лажат: Алварез од Шкупи рамо до рамо со Меси и Нејмар