Жоел Куни Моралес, кубанскиот десен бек во македонскиот шампион Вардар ќе ја менува средината и следната сезона ќе биде дел од ППД Загреб. Куни дојде во Скопје во 2021 година и ја игра втората сезона во црвено-црниот дрес.
Хрватски „24 сата“ излезе со информација, поткрепена со изјава од новиот спортски директор на загрепскиот клуб, Дамир Бичаниќ, дека искусниот бек наскоро ќе потпише за Загреб.
Тоа ќе биде трета преселба на ракометар на Вардар во ППД Загреб после Иван Чупиќ и Тимур Дибиров.
Покрај Моралес, ППД Загреб ќе ги засили редовите и со црногорскиот играч Миодраг Чорсовиќ кој моментално игра во Требње, какои Матиц Сухолезник од Целје и голманот Анте Грбавац.