Скопје го “торпедира“ Борец: Омерагиќ со хет-трик ја “скина“ мрежата на велешани!

1462

Денеска во пријателски натпревар екипата на Скопје со 7:1 го победи второлигашот Борец. Интересна контрола и за двете екипи на кои проследивме вистинска голеада на “пиратите“ кои постигнаа седум голови а можеа да дојдат и до двоцифрен триумф.

Блескаше младиот напаѓач Азер Омерагиќ со хет-трик, додека два постигна Рашид, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Хајдари и Блажевски.

Секако дека ваквите контролни средби и тоа како добро ќе му дојдат на тренерот на „пиратите“ Мирсад Јонуз за да се здобие со увид во моменталната форма на својот тим во текот на оваа пауза во пресрет на продолжение на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.

ПретходноМарк Маркез на пол позицијата во Португалија и со рекорд на патеката
СледноТухел: Баерн има победничка ДНК, ме воодушевува начинот на кој работат тука