Во понеделник на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 18 часот, нашата А-репрезентација ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Фарските Острови. Целта е јасна, да се искористи мартовскиот циклус и да се одигра два меча, ако се знае дека ние во 2.коло во квалификациите во групата -Ц сме слободни, како и да се добие увид во моменталната форма и потенцијал на оние наши играчи кои досега имаа помала или воопшто минутажа на мечот со Малта на која ние победивме со 2:1.
И веднаш да се знае дека нема воопшто да биде лесно против оваа селекција на Ф. Острови кои важи за тотален аутсајдер, барем на хартија.
Имено “фараните“ имаат само еден пораз на последните седум средби, официјални или пријателски, сеедно, и тоа од Чешка на гости (0:5), додека ремизирале со Луксембург (2:2), Литванија (1:1), Косово (1:1), Молдавија (1:1) вчера во рамките на квалификацската група-Е. Имаат победи над Литванија (2:1) и Турција (2:1) во Лигата на Нации.
Значи треба да се биде крајно внимателен и во никој слуачај не смее да се потцени оваа селекција со која играме во понеделник.