Денеска на Градскиот стадион во Струга, се одигра пријателски меч на кој лидерот во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ дури со 8:1 успеа да го победи соседот.
Во текот на мечот тимот на стратегот Шпетим Дуро просто си поигруваше со тимот на Караорман, одлично издание на целиот тим и кога се игра така тогаш ваквиот убедлив триумф и не е изненадување.
Да кажеме дека и кој се стрелците на Струга ТЛ на овој меч. Јахја постигна хет – трик, Шабани два, а по еден постигнаа Јусуфи, Мухарем и Мерџани.
Ова покажува и тоа дека Струга ТЛ во топ – форма ќе “влезе“ во последните осум кола во битката за титулата и во 1/2 финалето во Купот на Македонија.