Нов пораз и тоа убедлив, но сепак не се повтори онаа бламажа од 0:13 против Германија, туку “само“ пораз од 0:7.
Па така младата женска селекција на Македонија до 17.години, на квалификацискиот турнир кој се одржува во Лисабон на само два меча успеа да прими неверојатни 20 голови, но и да не постигне барем еден.
На првиот меч во Лисабон беше 0:13 против Германија, а вчера 0:7 против Португалија.
Како ли ќе биде на последниот меч, против Унгарија, останува да се види.