Миовски ги “реши“ Ф. Острови…

291

Вечерва во Скопје на Арената “ Тодор Проески“ во Скопје, Македонија во пријателски натпревар успеа да ги победи Ф.Острови со 1:0. Тешка победа над аутсајдерот, но сепак победа си е победа.

Имавме неколку шанси, настапија повеќе наши фудбалери, а победничкиот гол беше дело на Бојан Миовски во 79.минута.

Се чини требаше повеќе и подобро, но важно е да се победува и на вакви мечеви, и посебно кога играш против селекција која се брани, но и која физички импонира и е максимално дисциплинирана.

Македонија мечот го почна со ултра офанзивен состав, но без Елмас кој остана на клупата. Па така селекторот Милевски мечот го почна со Етеми, Несторовски, М.Ристовски и Чурлинов во нападот. И имавме шанси, посебно онаа на Алиоски во 37.минута кога Алиоски ја погоди пречката на фараните по шутот од 1-12 метри. Три минути претходно Несторовски беше во шанса, но немаше гол.

Треба да се каже дека и судиите од Ц. Гора ептен се покажаа кога во 25.минута Етеми постигна гол, а истиот беше поништен поради наводен офсајд. Имаше и пенал за нас кога играше со рака еден гостински фудбалер, но судиите од Црна Гора на чело со Милош Савовиќ не сакаа да го видат тој чист пенал за нас.

Во самиот финиш на првиот дел, во таа 41.мнута Радосављевиќ беше во голема шанса за водство а Ф. Острови, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Имавме посед, игра, иницијатива, но фараните беа добро поставени во одбраната.

МИОВСКИ СО ГОЛ, ЕЛМАС СО ЗИЦЕР, ДЕБИ НА МАНЕВ

Вториот дел започна со голема шанса за гостите, за среќа Ватнхамар шутираше над нашиот гол, а можеше да биде опасно, многу опасно.

Чурлинов врати во таа 51.минута, шутираше, но без некој поголем ефект.

Во 55.минута во игра влегоа Елмас и Миовски наместо М. Ристовски и Несторовски.

Сепак не успеавме да се наметнеме, да влеземе во гол шанса, уште помалку да постигнеме гол, Да, закани имаше, но резултатот до таа 70.минута гласеше 0:0, оној почетниот.

Во 79.минута во игра влезе Јован Манев, на кого ова му беше деби за А- репрезентацијата. Во истата минута Елмас имаше зицер, излезе сам пред гостинскиот гол, но гол немаше па немаше.

И конечнио гол, и тоа во 82.минута преку Бојан Миовски кој нешто оддесно убаво пласираше во спротивниот агол. Ова е негов втор репрезентативен гол.

Пријателски натпревар

МАКЕДОНИЈА – Ф. ОСТРОВИ 1:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 500. Судија: Милош Савовиќ (Црна Гора). Стрелци: Миовски 82. Ж. Картони: Балдвинсон (Ф. ОСТ).

МАКЕДОНИЈА: Шишковски, С. Ристовски, Велковски (79, Манев), К. Ристевски, Алиоски, Атанасов (70.Елези), Барди, Етеми (70. Дав. Бабунски), Чурлинов (79. Ашковски), М. Ристовски (55. Елмас), Несторовски (55. Миовски).

Селектор: Благоја Милевски.

Ф. ОСТРОВИ: Реинатрод, Соренсен, Вантсдал (46. Едмундсон), Балдвинсон (72. Фаеро), Андреасон (72. Мнени)Давидсен, Јонсен (62.Јохансен), Ватнхамар, Адреасен, Радосављевиќ (62. Г. Соренсен), Јоенсон (84. Олсен), Петерсен.

Селектор: Хакан Ериксон.

ПретходноКонечно водство: Миовски ја тресе мрежата на Фарски Острови (видео)
Следно„Летаа“ боксови на меч од Третата кошаркарска лига (ВИДЕО)