Иако далеку од тоа дека треба да биде задоволни, со оглед на играта, сепак победа си е победа. Пријателската со Ф. Острови вечерва во Скопје „архивирана“ со триумф од 1:0. Бојан Миовски е стрелецот, кој сега и дефинитивно покажа дека знае да дава голови и за Македонија, а не само за Абердин.
Да, се очекуваше поубедлив триумф, но за ова вина имаат и судиите од Ц. Гора кои во два наврати ја оштетија Македонија.
Сепак, генерално е важно тоа што мартовскиот циклус го завршивме со две победи, тоа и ни требаше пред јунскиот пекол во квалификациите.