Ериксон: Имате технички и индивидуален квалитет, но одбраната не ви е најдобра

1145

Селекторот на Фарските Острови, Хакан Ериксон од една страна е задоволен од настапот на своите момци меѓу кои седум биле дебитанти, а од друга страна не е задоволен од конечниот резултат. Македонија победи со 1:0 со голот на Миовски во 81 минута.
Не сум задоволен од тоа што го изгубивме натпреварот. Од друга страна сум горд како одигравме против екипа која е многу квалитетна. Се браневме добро и во нападот игравме добро. Игравме со седум дебитанти“, вели Ериксон.

Македонија има висок технички и индивидуален квалитет. Има играчи кои прават голема разлика. Она што го видов од скаутирањето е дека одбраната не ви е најдобра страна. Сепак, ја победивте Италија, а зошто не би го направиле тоа пак“, додаде Ериксон.

Потоа зборуваше за фудбалот на Фарските острови…
Иако сум од Шведска, четири години сум селектор на Ф.Острови. Иако е мала тоа е фудбалска држава. Во секое село има црква и фудбалски терен. За 52.000 жители фудбалот се гледа како нешто сериозно. Сите се аматери но тренираат како професионалци.
Фарските острови се способни да направат нешто големо. За разлика од Шведска каде што бев селектор на У21 и го освоивме ЕП 2015 година разликата е што тие играчи претежно играа во странство. Ние имаме проблем да одржиме континуитет на повеќе мечеви во серија“, кажа селекторот на Ф.Острови.

ПретходноОва е вистинскиот Бојан, две победи во март! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМакедонските тимови ги дознаа ривалите во СЕХА 1/4 финалето: Вардар 1961 го избегна Веспрем!