Бојан Миовски вечерва со гол успеа да ни донесе победа во пријателската средба против Ф. Острови. Во таа 79.минута “бомбардерот“ на Абердин ја затресе мрежата на гостите за победа од 1:0. По натпреварот Миовски истакна:
“Нормално дека сум среќен за придонесот во репрезентацијата, головите и добрата форма ја префрлив во репрезентацијата со асистенција против Малта, а еве гол и вечерва со Ф. Острови. Против Малта освоивме три важни бода, тие мечеви се најтешки за играње, бидејќи се бранат длабоко а домашниот терен ни создава проблем да играме што побрзо. Денеска пак беше одличен тест за дебитантите, но и за оние кои имаат помала минутажа. Едноставно да се наметнеме и воиграме за тоа што не очекува во јуни“.
А во јуни не очекуваат мечевите со Украина и Англија:
“На посилните селекции можеме да им парираме само ако имаме поголема минутажа во клубовите. Се разбира и со хемија и со тимска игра да постигнеме успех. На тие мечеви интензитет ќе биде огромен, потребна е физичка спремност, доколку играме во клубовите и тоа го префрлиме во репрезентацијата мислам дека имаме квалитет ако играме и со тимска игра. Одлично се знам со тие што дебитираа, одлично ги прифативме, има одлична атмосфера во репрезентацијата“ посочи Миовски.