Илиевски: Триумф против Словачка за комплетно успешен подготвителен период

520

Репрезентацијата на Македонија до 21. година денеска од 17:30 часот на терените во Белек, Анталија, ќе го одигра финалниот дуел против соодветната селекција на Словачка, дел од мини турнирот кој се одржа во овој туристички центар зимава.

Нашиот национален тим со овој меч ќе комплетира серија на пријателски дуели, кои стартуваат со поразот против Летонија, преку триуфот против Финска, за да финишира денеска против словаците. Посакуваме триумф за да заокружиме еден дел од подготовките најважни за претстојниот квалификациски циклус.

„Условите за тренинг се врвни и професионални ,целиот тим е задоволен и атмосверата во репрезентацијата е на високо ниво.Подготовките одат добро имавме доста време да се фокусираме на тактичкиот план и работевме на тоа поле. Натпреварот со Летонија за нас не заврши добро иако ја контролиравме играта на целиот натпревар не успеавме да ги реализираме нашите можносто, а тие ги искористија нашите грешки и не казнија , додека со Финска одигравме добар натпревар со борбеност и тактичка дисциплина дојдовме до победа.

Словачка ги анализиравме тие се добра репрезентација, сите сме мотивирани за претстојниот натпревар, како и секогаш излегуваме на терен со мисла за победа и тоа ќе го оствариме. Сакаме да го освоиме турнирот и на одличен начин да го заокружиме овој подготвителен период во Белек, Турција“ – ни изјави капитенот на оваа У21 генерација, Марио Илиевски.

 

ПретходноИзјавата на Тадиќ ги разгневи Црногорците: Ние сме ист народ!
СледноКвалификации за ЕВРО 2024: Хрватска ја чека пекол во Бурса, “фуријата“ на гости во Глазгов!