Македонската репрезентација до 21. година во финалето од мини турнирот во Анталија предмалку е поразена со 1:0 од репрезентацијата на Словачка.
Во сосема солидна игра во која заслуживме се само не пораз, клучен фактор на мечот беше судиската тројка која што не оштети за пенал(и) во првиот дел и во финишот на мечот, кога имавме тотална иницијатива и кога „бркавме“ резултат.
Претходно, по „нулата“ на полувреме, словаците поведоа на дваесетина минути до крајот на мечот, по една убава акција од десно.
Ние се обидовме да израмниме, имавме неколку полуситуации, и недосуден панал, па реално не можеме да бидеме задоволни од исходот. Од останатото веројатно да, затоа што овој подготвителен период во Анталија, дефинитивно ни даде појасна слика што и како со оваа генерација во квалификацискиот циклус кој што предстои.