Андреас Бреме, фудбалерот кој го освои Светското првенство со Западна Германија во 1990 година со неговиот пенал во финалето против Аргентина предводена од Марадона, на 62 години повторно е во фокусот на јавноста поради бизарна причина.
Големиот германски фудбалски ас сакајќи да му посака на свој пријател на социјалните мрежи среќен роденден, наместо видео со честитки, случајно испрати видео од својата полугола сопруга!
Видеото го обиколи интернетот пред да биде избришано, но штетата е направена. Неговата 56-годишна партнерка Сузан Шефер случајно на светот му ги откри градите.
„Дознавме дури кога се јавија некои пријатели. Немам поим како се случи ова. Сигурно некој го објавил. Сега целиот свет знае каква прекрасна сопруга имам! Тоа не требаше да се случи, но што можам, освен да се смеам“, изјавил Бреме за Билд.
Kuriose Panne bei Geburtstagswünschen – Andy Brehme verschickt seine nackte Freundin https://t.co/yFVSURjPPk #BILDSport
— BILD Sport (@BILD_Sport) March 27, 2023