Хари Кејн конечно би можел да го напушти Тотенхем, а како нов клуб на англискиот напаѓач се споменува Манчестер Јунајтед. „Мирор“ пишува дека „црвените ѓаволи“ подготвиле понуда од 80 милиони фунти за овој фудбалер и се надеваат дека ќе биде доволна за комплетирање на трансферот.
На Јунајтед му треба врвен напаѓач. Со нив се поврзуваа неколку имиња, но тие наводно сега тргнале по Кејн и ќе се обидат да го доведат во своите редови.
Менаџерот на тимот Ерик тен Хаг го направи Кејн главна цел за летниот преоден рок. Шефовите се подготвени да му ја исполнат желбата и понудата ќе оди кај Спарс.
Кејн постигна 271 гол за Спарс на 425 натпревари. Претходно тој замина на бројни позајмици, па играше за Лејтон Ориент, Милвол, Норич и Лестер.