Медведев лесно во 1/4 финалето, елиминација на Циципас!

57

Данил Медведев се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако го совлада Французинот Кантен Алис. Петтиот играч беше подобар со 2-0 по сетови 6-4, 6-2 во битка која траше 70. минути.

Медведев клучната предност во првиот сет ја направи во петтиот гем, двапати му одзеде сервис на противникот. Во четвртфиналето на турнирот во Мајами ќе игра против Кристофер Јубенкс.

Пласман меѓу најдобрите осум обезбеди и Аргентинецот Франциско Серундоло, откако го совлада Лоренцо Сонега со 3:6, 6:3, 6:2. Во четвртфиналето ќе игра против Карен Хачанов, кој пак го елминира Стефанос Циципас со 2-0 (7:6, 6:4).

Карлос Алкараз и натаму нема ниту еден загубен сет во Мајами, овој пат Шпанецот го победи Томи Пол со 6:4, 6:4 и закажа четвртфинална пресметка со Тејлор Фриц.

Претходно„Крунисување“ на Перо Антиќ во старо-нов претседател на КФСМ!
СледноНаполи му нуди нов договор на Елиф Елмас!