Антиќ по реизборот: Кошарката е во подем, ние мора да создадеме подобри услови!

183

Македонската кошаркарска федерација и во следните четири години ќе биде под водство на Перо Антиќ. Старо-новиот претседател без противкандидат беше резибран на оваа функција со 40 гласови ЗА и еден против.

„Ние не гледаме на годините и на мандатите, сакаме само да работиме и да продолжиме да создаваме услови. На стартот на првиот мандат имавме проблеми со коронавирусот, но сега сме на нозе, поискусни и знаеме на каде се движиме. Кошарката е во подем, ние мора да создадеме подобри услови и на тоа работиме“, рече Антиќ по завршувањето на Изборното собрание.
И натаму главна цел е развојот на младите и нивно приклучување во А- репрезентација.
„Создавање на подобри услови за развој на младите. Младите се број еден и на сите треба да се концентрираме. Исто и во А-репрезентацијата гледаме да имаме што е можно помлади играчи, да не чекаме да наполнат 30 години, па да ги вклучуваме. Сакаме да им дадеме шанса на сите таленти“
Смената на генерации некогаш е неминовна. Така беше со нас по таа 2011 година во Литванија. И мора да имаме трпение со новите момци. Тие се оние кои треба да ги чекаме и тие ќе бидат нашата иднина. Сакаме да имаме што е можно млади играчи кои десет до петнаесет години ќе бидат заедно во националниот тим. Ќе истрпиме дури и некои резултатски порази, но тоа ќе биде една школа за сите нив. Наше е да создадеме одлични услови за подготовки, сите препарати да ги имаат, а нивно е да играат за нашата држава Македонија и за народот“.

Антиќ проговори и за проблемите и несогласувања со играчи.

„Оваа гарнитура е подготвена да разговара со секого, да се дружи и сите да бидат со насмевки. Несогласувања имало и ќе има, но како одминува времето, гледаме со искуството кое го добиваме да ги решиме проблемите, да разговараме, кој згрешил да се поправи, да биде подобар. Вратата за секого е отворена, ние сме подготвени за дијалог“.
ПретходноДодека репрезентацијата губи бодови, Халанд прекршува закони!
СледноАнтиќ најави: Македонската лига ќе добие генерален спонзор, а клубовите олеснување!