И Унгарија пресилна за фудбалерките до 17 години

117

Женската фудбалска репрезентација до 17 години го запиша и третиот убедлив пораз во квалификациите за пласман на ЕП. По дебаклите од Германија 13:0 и од Португалија 7:0, избраничките на Катерина Милеска денеска беа поразени и од Унгарија со 7:0.

Инаку на овој квалификациски турнир се одигра во Лисабон, Португалија, а Македонија настапуваше во состав:

Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;

Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;

Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;

Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска.

 

ПретходноЕлмас во посета на поранешниот клуб
СледноСуспензија од ФИФА за спортскиот директор на Тотенхем