Шокантно: На Агуеро среде емисија престана да му работи срцето! “Замислете да умрев“….(ВИДЕО)

8801

Серхио Агуеро на 33 години, поради срцеви проблеми мораше да ја заврши својата фантастична кариера, и тоа како фудбалер на Барселона. Аргентинецот веќе една година е надвор од фудбалските терени, но затоа е тука во секој момент да даде свое мислење во медиумите, а посбно по освојувањето на титулата светски првак во Катар на Лео Меси и другарите.

Па така на едно од последните интервјуа дојде до шокантна случка. Имено среде емисија неговото срце престана да работи, а се знае дека има вградено специјален уред.

Агуеро се фати за срцето, почна благо да се тресе, но потоа беше се во ред. Реакцијата на водителот беше дали да с евикне доктор, но Агуеро ја смири ситуацијата со објаснување дека неговиот мобилен бил празен и дека не може да добие повратен сигнал за што навистина се случува.

Мислам дека имав блага аритмија. Имам чип, фамозен чип кој ќе ја детектира ситуацијата. Почуствував дека нешто не е во ред. Замислете да умрев“ истакна тој.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Трпчевски ќе го суди дербито Беласица – Гостивар
СледноМиовски: Навивам за Реал Мадрид, желба ми е да заиграм во ПЛ, таму омилен клуб ми е Манчестер Јунајтед!