УЕФА со голема казна за Ајнтрахт (Ф) поради навивачите на мечот со Наполи

269

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт е строго казнет од УЕФА за употребата на мноштво пиротехнички средства на натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи.

На Ајнтрахт прво му беше изречена казна од 50.000 евра за употреба на пиротехнички средства, а сега дополнително е изречена и казна за затворање на долниот дел од трибината Нордвесткурве, каде вообичаено се наоѓаат најжестоките навивачи на Франкфурт.

Затворањето на трибините се однесува на следниот европски натпревар, кога  и да го одигра Ајнтрахт на домашен терен.

ПретходноГо победи Лихтенштајн со 7:0, па денеска му врачија отказ
СледноНајдобриот НБА тим загуби со 41 разлика, Денвер без Јокиќ се распадна (ВИДЕО)