ИОК распали: Доста со двојни стандарди, што правиме со спортистите од други 70 вооружени конфликти!

491

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах ги нарече, жални, критиките на некои европски влади поради планот на ИОК за враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања. Тој овие политички притисоци од некои Влади и политичари ги нарече нарушување на автономијата на спортот.

Во вторникот, ИОК објави препораки до меѓународните спортски федерации за тоа како да ги вратат руските и белоруските спортисти на натпреварите од кои беа исфрлени поради руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

На тоа се спротивставија од Германскиот олимписки комитет, а осуда дојде и од владите на Украина, Полска, Велика Британија и Чешка, кои сметаат дека за руските и белоруските спортисти нема место во светот на спортот додека продолжува агресијата врз Украина.

„Жално е што некои влади не сакаат да ја почитуваат одлуката на мнозинството во олимпиското движење како и автономијата на спортот. Исто така, жално е што овие влади имаат двојни стандарди, бидејќи не видовме нивни коментари во врска со учеството на спортисти од земји вклучени во другите 70 вооружени конфликти низ светот“, рече Бах на прес-конференција во четвртокот.

ПретходноСтрашно: Бразилски фудбалер ја убил својата девојка, телото го фрлил на кучиња, а сега потпишал за нов клуб!
СледноФудбалерите на Валенсија од свој џеб ќе го платат патувањето на навивачите до Алмерија