МЗТ Скопје пред мечот со Задар ќе дознае дали ќе игра за чест или опстанок!

217

На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во АБА-лига, опстанокот на МЗТ Скопје може да се опише како невозможна мисија. Шансите се минимални, но постоечки, а дали истите ќе загснат уште вечерва ќе одлучи Борац Чачак, тимот кој му ја зацрни судбината на актуелниот македонски првак во минатото коло.

Борац е гостин на Сплит (18 часот), доколку запише пораз, МЗТ Скопје со победа над Задар (мечот е закажан во 20 часот) на домашен терен ќе го живее сонот за опстанок до следното коло.

Задар има скор од 10/13 и се наоѓа на седмото место во јадранското друштво и на првата пресметка со МЗТ Скопје славеше убедливо. Па избраниците на Драган Николиќ ќе мораат да одииграат десет класи подобро од минатото коло доколку сакаат да запишат победа.

„Играме против најпријатното изедначување сезонава во АБА кое успеа да ја совлада сината Црвена Ѕвезда во Белград, што ретко на кого му успеало изминати години. Задар е феноменален тим во транзиција и одлично го напаѓа нискиот пост, а згора на тоа е предводен од одличниот тренер и мој голем пријател, Данијел Јусуп. На нашите кошаркари е да ги извршат обврските зададени на тренинзите неделава, а ако го сторат тоа тоагаш може да се надеваме на победа во овој исклучен важен напревар“, изјави Николиќ.

ПретходноВо Реал Мадрид се лути на Модриќ, му поставиле ултиматум!
СледноАС откри кога Мбапе ќе направи трансфер!