Селекторот на женската ракомента репрезентација Љубомир Савевски го објави конечниот список на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот бараж двомеч против Украина за пласман на СП во 2023 година.
Повратнички во националниот тим се десниот бек Елена Ѓорѓиевска и пивотот Ивана Гакидова. Новитети се Катерина Дамјаноска, Амра Терзиќ, Бојана Диневска и Бојана Коцева. Собирот ќе биде в понеделник на 3. април во 12.30 часот.
Првиот натпревар против Украина ќе се игра на 8. април на домашен терен, додека реваншот на неутрален терен во Унгарија е закажан за 11. април.