Екстра трансфер на македонскиот младински репрезентативец Тома Георгиевски. Досегашниот играч на младинската школа на тимот на Њу Старс, во понеделник заминува во Милано, каде што по лекарските прегледи и неколкуте тренинзи ќе потпише стипендиски договор со италијаскиот гигант Милан.
По малку неверојатно, но Георгиевски кој настапува на позицијата класична десетка веќе неколку месеци е скаутиран од страна на службата на Милан, која преку свои скаути неколку пати периодов пристигна во Скопје, и во живо го следеше У16 македонскиот младински репрезентативец.
Голем момент во целиот овој процес е фактот што Георгиевски поседува француски пасош со оглед на фактот што е роден во таа земја па неговата регистрација, како ЕУ играч нема да биде никаков проблем.
Ова е прв ваков трансфер на еден младински фудбалер во еден италијански гигант уште од времето на Горан Пандев и Ацо Стојков, кои своевремено му пристапија на Интер, а потоа направија големи кариери, пред се нашиот „вечен“ капитен Гранде Горан Пандев.