Нов викенд, стари навики: Верстапен најбрз со пол-позиција во Мелбурн!

150

Големата награда на Австралија по се изгледа нема да донесе ништо ново во Формула 1 на стартот од новата сезона, ако се суди според квалификациите кои беа завршени на легендарната Алберт парк во Мелбурн.

Феноменалниот Макс Верстапен до пол-позицијата пред утрешната трка стигна со време од 1:16.732.

Мерцедес имаше добри тренинзи и добар старт на викендот во Австралија, што денеска го потврдија во квалификациите со освојување на второто и третото место,  Џорџ Расел (+0.236) и Луис Хамилтон (+0.372).

Четвртото место му припадна Фернандо Алонсо во Астон Мартин по него следуваат: Карлос Саинц во Ферари, колегата на Алонсо, Ленс Строл, Шарл Леклер (Ферари), Александер АЛбон (Вилијамс), Пјер Гасли (Алпин) и Нико Хулкенберг (Хас).

Квалификациите во Австралија ги одбележа и настапот на Серхио Перез. Вториот возач на Ред Бул по само пет минути излета од патеката, па утре ќе стартува од последната позиција.

ПретходноСцените од Белград го оставија целиот свет во неверување (ВИДЕО)
СледноДенвер не може без Јокиќ! Кари и Томпсон „убиствен“ тандем (ВИДЕО)