Утре со почеток од 15 часот, во меч од 25.коло во ПМФЛ, Брегалница на свој терен го дочекува Тиквеш. Пред 2-3 години, кога овие две екипи играа во Втора лига нивните дуели беа епски што се вели, но сега откако Брегалница е некое друго ниво, таа страст како да спласна, посебно кај фановите на кавадарачани.
Сепак ривалството остана, а ова е дерби меч во ова коло.
Брегалница е во супер форма оваа пролет, а пред утрешниот дуел, свој коментар има Дарко Додев, веројатно најдобриот фудбалер на “сините“ во овој момент:
“Максимално сме подготвени за утрешниот меч, екипата е комплетна. Како и досега, така и сега ќе биде, ние размислуваме само на мечот што е пред нас. Знаеме дека утре против Тиквеш ќе биде тешко, но Брегалница и утре оди на победа и нови три бода. Кавадарчани секогаш против Брегалница играат со екстра мотиви, но јас верувам дека со поддршка на нашите фанови ние ќе успееме да дојдеме до победата“ изјави Додев.