Ни „Д“ од дерби, Сити ја покажа сета своја сила против Ливерпул (ВИДЕО)

118

Тимот на Манчестер Сити во целост покажа и докажа колку е силен сезонава, откако претпладнево во она што требаше да биде дерби против Ливерпул на свој терен обезбеди победа од 4:1.

Иако се наговестуваше голема борба, во моментов Ливерпул не е кадарен да му пружи сериозен отпор на Сити, туку може само да биде ривал кој ќе се обиде и нема да успее да дојде до нешто повеќе од пораз.

Иако Ливерпул најави нешто многу повеќе од пораз на овој дуел преку водството во 17. минута преку Салах, сепак по само десетина минути Сити израмни преку Алварез. Во вториот дел лекција по фудбал и три гола во гостинската мрежа. Де Брујне, Гундоган и Грилиш му донесоа висок и убедлив триумф на Сити со што се одржа бодовно во игра за титулата.

ПретходноНеверојатно: Клубовите од Премиерлигата за една година потрошиле 320 милиони фунти на провизии за менаџерите!
СледноСоиграчите му порачаа на Костадинов: Те чекаме уште посилен