Вардар сигурен, Гостивар успешен во Струмица, Слога не можеше ништо против Воска

2214

Тукушто заврши и најновото коло во домашниот ВМФЛ шампионат во кој немаше поголеи изненадуања. Поточно, фаворитите ја одработија задачата и стигнаа до планираните бодови.

Лидерот Вардар на домашен терен на стадионот Борис Трајковски со головите на Десниќ, Размоски и Митев стигна до победа од 3:0 над Каменица Саса.

Од друга страна пак, тимот на Гостивар дури во финишот го „скрши“ отпорот на домаќинот Беласица во Струмица, па преку головите на Каланоски, Рамадани и стигна до победа од 0:3.

Пелистер пак исто така немаше поголеми проблеми и на домашен терен славеше над Детонит со 2:0, додека пак тимот на Воска со 1:3 на гости славеше во Виница кај Слога.

Вардар – Каменица Саса 3:0

Пелистер – Детонит 2:0

Беласица – Гостивар 0:3

Тетекс – Беса 1:2

Слога В. – Воска 1:3

Охрид – Борец 2:0

Арсими – Караорман 3:1

Претходно„Лавовите“ добитни против Работнички (ВИДЕО)
СледноБарди погоди во поразот на Трабзон од Кајзери (ВИДЕО)