МЗТ Скопје А. без тренерот Николиќ на најважниот меч во Сплит?!

992

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром на 7 април го игра еден од најважните натпревари оваа сезона на гостувањето кај Сплит во новото коло од АБА лигата. За таа цел, „штрковите“ ќе бидат без првиот стратег на клупата, Драган Николи.

Предводникот на нашиот првак не се чувствувал добро, па по направениот тест за Ковид-19 е констатирано дека е позитивен и во наредниот период ќе биде надвор од тимот. Тоа значи дека МЗТ Скопје А. можно е на следното гостување кај Сплит да биде без својот предводник, кој допрва треба да се рехабилитира од вирусната инфекција.

ПретходноГостивар сигурен и убедлив пред своите, Еуро Никел падна во Младост
СледноКаква сензација: Голема победа на Алкалоид – го урна Вардар!