Барселона моќно кај Елче, јуриш на титулата во Ла Лига (ВИДЕО)

184

Барселона го продолжи походот кон тотулата во Ла Лига, откако вечерва самоуверено се врати со висока и убедлива победа од гостувањето кај Еле со 4:0. За момците на Чави, мечот во ниту еден момент не беше ставен под прашалник за конечниот епилог.

Со голот на Левандовски Каталонците поведа уште во 20. минута и со оваа минимална предност се замина на пауза. Во вториот дел Барселона ја покажа сета своја моќ. Најпрво Ансу Фати со гол во 56. минута зголеми на 2:0, за Левандовски со својот втор гол во 66. минута да им донесе предност на гостите и од 3:0.

Конечните 4:0 за барселона беа дело на Торес во 70. минута. Со оваа победа Барселона сега е на +15 од Реал (М), кој утре ќе го одигра својот меч од тековната рунда.

ПретходноМојс Кин за победа на Јуве и надеж за место во ЛШ (ВИДЕО)
СледноХамилтон се договорил со Елон Маск да го прати во вселената со SpaceX