Хаосот во Далас продолжува, Лука бадијала даде 42 поени (ВИДЕО)

293

Алармот во Далас е вклучен, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг може да се случи да останат без место во НБА плеј-офот. Поразот од Мајами на гости (129:122) може скапо да го чини тимот од Тексас кога е во прашање продолжението на сезоната. Ништо не е готово, остануваат уште четири кола, но ситуацијата не е нималку наивна.

И покрај личните проблеми и маките со повреди, Словенецот беше на теренот, беше на дофат на трипл-дабл учинок (42 поени, 10 скока, 8 асистенции), но и тоа не беше доволно за триумф на Флорида.

Мавси моментално се на 11. место со скор 37-41, а на 10. последна која води на плеј-ин турнирот е Оклахома (38-40), додека е веднаш зад Јута (36-41). Ништо не е загубено, Тандер „бегаат“ со само една победа, иако со оваа форма и игрите на Далас многу работи ќе треба да се сменат.

По Дончиќ на листата на стрелци следет Тим Хардавеј Џуниор со 32 поен и Кајри Ирвинг со 23 поени и 8 асистенции. Во редовите на Хит, Џими Батлер беше најдобар со 35 поен и 12 скока.

На втората средба одиграна синоќа, Њу Орлеанс славеше против ЛА Клиперс со 122-114. Инграм со 36 поени ги предводеше Пеликанс, на другата страна Кавај Леонард со 40 поени беше прв стрелец на мечот.

ПретходноРобињо го предаде пасошот, затворот не му бега!
СледноЏошуа го победи Френклин во луда борба од 12 рунди (ВИДЕО)