Се вратија насмевките во Битола: Пелистер по целиот плен во Кавадарци!

558

Битола може да здивне, сезоната се уште е „жива“ за Пелистер и потерата по титулата. Насмевките ги вратија Алкалоид синоќа победувајќи го Вардар 1961 со 22-21, па сега финишот станува доста интересен. Дебитантот покажа дека секој секого може да победи, а фаворитите својата улога мора да ја оправдаат на терен.

Пелистер денеска (19 часот) нема право на кикс кај Тиквеш. Данило Брестовац и неговите момци се аутсајдери, но и тие ќе влезат мотивирано. Па битолчани ќе морат да бидат внимателни, не смеат да го загубат новиот џокер за продолжување на битката за титулата.

Во плеј-офот ќе се одигра уште една интересна средба, во Охрид (18:30 часот) гостува Бутел Скопје. Домаќинот има една победа, се наоѓа на шестото место на табелата, додека пак Бутел е петти со две победи и четири порази.

Денеска ќе се комплетира и плеј-аут лигата, Јуниор К.В ја пречекува Струга, додека Куманово е домаќин на Вардар Неготино, двата меча се закажани во 18:30 часот.

ПретходноЗаврши регуларниот дел: Комплетирани полуфиналните дуели за плеј-офот
СледноЗајц славеше на Планица, Крафт нов шампион во ски-летови