Мелоун откри зошто Јокиќ не игра пред плеј-офот!

476

Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун објасни зошто МВП-то на НБА, Никола Јокиќ не игра речиси седум дена.

Српскиот репрезентативец ги пропушти последните три натпревари на Нагетс, последниот беше против Филаделфија. Се шпекулира дека Нагетс го чуваат Јокиќ за плеј-офот, но Мелоун истакнува дека вистинската причина не е тактичка.

“Тоа не е игра. Се обидуваме да донесуваме паметни одлуки. Најлошото сценарио е тој да игра и да создаде многу поголем проблем кој би го оддалечил подолго време”, рече Мелун.

Денвер ги загуби првите два натпревари без Јокиќ, но утрово го победи шампионот Голден Стејт Вориорс.

Со поразот од Мемфис Гризлис, Денвер дојде на чекор од историското прво место на Западот и предноста на домашниот терен во плеј-офот.

За тоа му треба само уште еден триумф во последните четири натпревари или еден пораз од Мемфис. Нагетс имаат скор 52-26, а Мемфис 49-29.

„Ми се доапаѓа фактот дека сме на првото место од средината на декември, но најважно е што ќе направиме во плеј-офот. Знаеме дека ќе ни судат според резултатите таму“. 

ПретходноСавевски денеска прозива за мисијата СП 2023!
СледноДобра вест од Охрид, Андоновски е во стабилна здравствена состојба!