Давиде Анчелоти, синот на Карло и негов помошник во Реал Мадрид го напушта Реал Мадрид и ќе седне на клупата на Базел. Ова наголемо го пишуваат медиумите во Шпанија и Швајцарија. Инаку Давиде подолго време работи во стручниот штаб на својот татко кога овој беше тренер на Баерн Минхен, Наполи, Евертон, а сега и во Реал Мадрид.
Се напоменува дека е време да преземе некој клуб и да биде шеф, а веројатно прва таква работа ќе му биде во Базел.










