Медведев: Еден трофеј го користам како вазна за цвеќе

239

Данил Медведев победи на Мастерсот во Мајами. Во финалето беше подобар од Јаник Синер и тоа му е петти Мастерс 1000 трофеј во кариерата, а за што ќе го користи само тој знае. Имено, рускиот тенисер изјави дека претходниот трофеј што го освои, во Синсинати бил посебен и најдраг.

Тешко е да се каже кој трофеј ми е најдраг. Морам да кажам УС Опен, бидејќи тоа ми е единствената Грен слем титула. Сепак, ќе го изберам Синсинати затоа што тој трофеј го користиме како вазна за цвеќе. Кога ќе и донесам на сопругата цвеќе, таа веднаш го става во него. Тоа ни го краси домот“, изјави Русинот.

А и организаторите на турнирот во Синсинати не се лутеа премногу на тоа туку му дадоа одобрување.

Ти одобруваме да го користиш трофејот како вазна, шампионе“.

 

ПретходноПСЖ поради посебна клаузула ќе му исплати на Мбапе дури 10 месечни плати
СледноКалин стартуваше со победа во Дубровник, Ѓорческа елиминирана во Сплит