Вистинска сензација приреди екипата на Фрајбург вечерва во четвртфиналето на Купот на Германија на гостувањето во Минхен против актуелниот шампион. Гостите со гол од пенал во судиското надополнување успеаја да направат големо изненадување победувајќи против најуспешниот тим во земјата со 2:1.
Баерн поведе во 19. минута преку Упамекано и се чинеше дека ќе забележи сигурна победа. Сепак, гостите веруваа во своите квалитети и се изборија за невозможното. По половина час игра, Хофлериспрати вистинска ’бомба’ во голот на Баварците и израмни на 1:1.
Со овој резултат се играше се до судиското продолжение, кога гостите добија пенал. Павар играше со рака, а судијата покажа на 11 метри, што беше голем шок за домашните. Гостите погодија преку Хелер од 11 метри и победија со 2:1. Претходно Ајнтрахт Франкфурт го совлада Унион Берлин со 2:0 и обезбеди полуфинале.
GOAL | Bayern 1-2 Freiburg
Lucas Holerpic.twitter.com/mkKcC5W2FN
— VAR Tático (@vartatico) April 4, 2023