Џејмс Милнер синоќа се појави во второто полувреме на мечот меѓу Челзи и Ливерпул и го запиша својот 610-ти настап во Премиер лигата. 37-годишниот играч од средниот ред на Ливерпул сега се искачи на третото место на вечната листа во ова натпреварување, според бројот на одиграни првенствени средби.
Тој успеа од третото место да го симне токму Френк Лампард, некогашната голема ѕвезда на Челзи кој синоќа беше на трибините на „Стемфорд Бриџ“ за да го следи дербито.
И натаму на врвот на листата со најмногу премиерлигашки ечеви е Герет Бери со 653 настапи, додека Рајан Гигс е на второто место со 632 меча.
Moving third in all-time #PL appearances 👏
Congratulations, @JamesMilner! pic.twitter.com/EqAHwx6NkR
— Premier League (@premierleague) April 4, 2023