Савевски даде отчет пред УО: На ЕП не разочаравме, но се покажа нашата слика!

94

РФМ денеска ја закажа редовната седница на Управниот одбор. Трета точка на дневен ред е извештај од настапот на женската сениорска репрезентација, селекторот Љубомир Савевски го даде својот отчет за ЕП 2022 година, за бараж мечот со Украина и настапот во Турција.

„Не разочаравме, но не успеавме да се пласираме во вториот круг што беше нашат цел. За разлика од Франција и Холандија, одигравме добро прво полувреме против Романија. Загубивме три меча од објективно три добри противници, искрено можевме многу повеќе. Како селектор ја превземам својата одговорност. ЕП во Македонија ја покажа вистинската слика за нашиот квалитет. Проблемот е тоа што сите ракометарки од другите репрезентации се лидери на своите клубови, играат во ЛШ, кај нас и нашите најдобри ракометарки кои играат надвор, не се лидери во своите клубови. Тука е физичката подготовка особено тие што настапуваат во домашното првенство, тука не се виновни ниту клубовите.

Мора да се соберат поквалитетни играчи од цела Македонија на едно место како Алкалоид, но тоа засега не е возможно. Направиме нов чекор, репрезентацијата се собираа секој понеделник и петок. Тоа го сторивме, одржавме 14 тренинзи, па на барање на клубовите моравме да ги прекинеме, бидејќи првенството влезе во завршница. Можевме да продолжиме барам еден наутро. Овие потези се полн погодок, РФМ успеа да ги убеди тимовите, истите ќе дадат плод“, рече Савевски, кој порача дека се трудат да направат да бидат чекор кон сениорите.

Тој ја претстави Едуарда Аморим, според него нејзиното искуство ќе биде од големо значење. Исто Савевски потврди дека Царчев исто така е одличен потег што е вклучен во женската сениорска репрезентација.

Пред Управниот одбор го најави бараж мечот со Украина за СП 2023 година.

„Максимално да се подготвиме за Украина. Имаме шанси против исклучителен противник, кој за малку ќе ја елиминираше Хрватска во квалификациите за ЕП. Украина е силна, но не е непобедлива. Тоа што бевме домаќини на ЕП ни даде шанса да избегнеме силни противници. Мора да гледаме со оптимизам, се надевам дека ќе имаме поддршка од публиката“.

ПретходноПочнуваат полуфиналните пресметки во одбојкарскиот плеј-оф
СледноРФМ одреди премија за ракометарките за пласман на Светско првенство