Таткото на Јокиќ откри зошто неговиот син и откажа на Србија

2362

Јавноста во Србија беше во шок, откако Никола Јокиќ одлучи ова лето да не игра за репрезентацијата во квалификациите за ОИ, како и на самиот турнир.

МВП за регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата одлучи да не се појави на собирот на националниот тим поради напорната година која ја имаше. Неговата одлука наиде на незадоволство во Србија, дел испратија критики.

Неговиот татко Бранислав се обиде да објасни зошто Јокиќ мораше да се реши на вакво нешто.

„Клубот не може да му забрани да игра за репрезентацијата, но истовреме може да му каже дека во еден месец треба да се одмори, да не тренира, за да може физички и психички да се опорави. Тој сега ќе беше на подготовки и немаше да испошитва ништо. Тој едноставно не може да игра, се го боли. Кога во главата не си подготвен, тешко можеш да направиш нешто на терен. Но, тука имаме и една убава работа, треба да стане татко. Тој заедно со својата сопруга мора поскоро да се врати во САД, бидејќи таа нема да може подоцна да се вози со авион. Одлуката е негова и ние го поддржуваме. Секогаш има такви луѓе на кои им смета се во оваа држава“, изјави таткото на Јокиќ за К1 телевизија. 

Претходно„Марка“: Пандев е меѓу најголемите ѕвезди во досегашниот дел од ЕУРО 2020!
СледноЛукаку сака да има две особини на Роналдо